Isaiah 25MKB

1Господи, Ти си мој Бог, Те величам, го славам Твоето Име, зашто спроведе чудесен наум, смислен од дамнина, вистински и верен,

2зашто градот го претвори во куп камења, а утврденото место во урнатина. Непријателската тврдина веќе не е град, не ќе биде обновена довека.

3Затоа Те слави силен народ, градот на силните племиња се бои од Тебе;

4зашто Ти си му заштита на сиромашниот; прибежиште на бедниот во неволја; прибежиште од пороен дожд и засолниште од припек, зашто силничкиот гнев е како зимски пороен дожд;

5како жега над сувата земја, Ти ја задушуваш вревата на непријателот, како припекот со сенката на облак, им прекрати на насилниците победничката песна.

6И Господ над Воинствата ќе им приготви на сите народи на оваа гора гозба од мрсно месо, гозба со чисто вино, од сочна згуснетост, од стаено вино.

7На оваа гора Тој ќе ја скине завесата која ги покриваше сите народи, покривката што ги покриваше сите племиња,

8и ќе ја уништи смртта засекогаш. И Господ Бог ќе ја избрише солзата од секое лице - ќе го симне срамот на Својот народ од целата земја: Господ рече така.

9И ќе се рече во оној ден: „Ете, Овој е нашиот Бог, во Него се надеваме, Тој нè спаси; Тој е Господ во Кого се надевавме! Да Му воскликнуваме и да се веселиме на Неговото спасение.”

10Зашто Господовата рака почива на оваа гора! Моав е изгазен на своето место како што се гази слама на буниште.

11Таму Тој размавнува со рацете, како што ги размавнува пливачот кога плива. Но Господ ја оборува неговата горделивост и кревањата на неговите раце.

12Високата тврдина на твоите ѕидови Тој ја разурнува, ја фрла на земја, ја руши во прав.

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for Isaiah 25.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.