Isaiah 24MKB

1Ете, Господ ја запустува земјата, ја разурнува, и го обезобразува лицето, ги распрснува нејзините жители.

2Свештеникот ќе биде како и народот, господарот како и слугата, господарката како и слугинката, продавачот како и купувачот, заемодавачот како и позајмувачот, оној што дава на заем како и должникот.

3Земјата ќе биде запустена, сосем ограбена, зашто Господ одлучи.

4Земјата тажи, венее, светот гине, згаснува, небото пропаѓа со земјата.

5Земјата е онечистена под своите жители, зашто го престапија Законот, ја изгазија одредбата, го нарушија вечниот Завет.

6Затоа проклетството ја проголтува земјата, нејзините жители се виновни. Затоа се изгорени земните жители и малку луѓе останаа.

7Виното тагува, лозата венее, воздивнуваат сите што беа со весело срце.

8Прекрати веселбата покрај тапаните, замре разиграната врева, прекратија веселбите покрај гуслето.

9Не се пие веќе вино со песни, се згорчи жестокиот пијалак.

10Суетниот град е разурнат, затворен е влезот во сите куќи.

11Плач по улиците заради виното, ја снема секоја веселба, радоста е протерана од земјата.

12Само пустота остана во градот, со тресок се скршени вратите;

13зашто така се збиднува на земјата, меѓу народите, како кога ќе се соберат маслинките, или кога се дособира грозјето по гроздоберот.

14Тие го креваат гласот, воскликнуваат од радост; го возвишуваат од морето Господовото величие.

15Тие го слават Господовото Име на исток, го слават морските острови името на Господа, Израелевиот Бог.

16Од крајот на земјата ја слушаме песната: „Слава на Праведникот!” Но јас велам: „Пропаднав! Пропаднав! Тешко мене! Вероломците се изневерија со неверство, вероломците се изневерија.”

17Страв, јама, стапица, за тебе, жителу на земјата:

18Кој ќе избега пред гласот на стравот, ќе падне во јама, кој ќе се извлече од јамата ќе биде фатен од стапицата. Да, ќе ги отворам браните одозгора и ќе ги растресам основите на земјата.

19Земјата ќе се разбие грозно, земјата ќе се распука страшно, земјата ќе се стресе силно,

20земјата ќе се залула како пијаница, ќе се заниша како колиба, толку ќе и стежне нејзиното беззаконие, што ќе падне и веќе не ќе стане.

21И ќе се случи во оној ден: Господ ќе ја казни во висината небесната војска, а на земјата сите земни цареви;

22ќе бидат собрани и затворени во јама, затворени во темница и казнети по многу денови.

23Месечината ќе се зацрвени, сонцето ќе се засрами, зашто Господ над Воинствата ќе царува на Сионската Гора и во Ерусалим, и Неговата слава ќе блеска пред старешините.

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for Isaiah 24.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.