Isaiah 26MKB

1Во оној ден, ќе ја пеам оваа песна во Јудината Земја: „Ние имаме цврст град: за одбрана Тој ни крева ѕидови и предѕидишта.

2Отворете ги вратите! Нека влезе праведниот народ, кој ја пази верноста,

3чие значење е цврсто, кој го чува мирот зашто се надева во Тебе.

4Надевајте се во Господа довека, зашто Господ е Вечна Стена;

5Тој ги соборува оние кои живееја високо, разурнува висока крепост, ја разурнува во прав, ја срамнува со земјата,

6па ја газат нозе, нозете на бедните и чекорите на сиромашните.”

7Патот на праведникот е прав, Ти ја рамниш патеката на праведниот.

8Да, на патеката на Твоите судови, Господи, Те чекаме желно; душата ни копнее по Твоето Име и по Твојот спомен.

9Со својата душа копнеам по Тебе ноќе, и со својот дух Те барам во себе, во зори. Зашто кога Твоите судови се појавуваат на земјата, жителите на земниот круг се учат на правда.

10Ако биде помилуван безбожникот тој не се учи на праведност. Во земјата на правдата тој прави беззаконие и не се обѕира на Господовото величие.

11Господи, Твојата рака е подигната а тие не ја гледаат. Нека ја видат и нека се засрамат, нека ги проголта ревноста на народот, нека ги проголта огнот подготвен за Твоите непријатели.

12Господи, Ти ни даваш мир, зашто Ти си Творец на сите наши дела.

13Господи, Боже наш, господареа над нас освен Тебе, други господари, но единствено Тебе, Твоето Име, ние ќе споменуваме.

14Мртвите нема да оживеат, сенките нема да воскреснат, зашто Ти ги казни и ги уништи и го сотре секој спомен за нив!

15Го умножи народот, Господи, го умножи народот, Се прослави, ги прошири сите граници на земјата!

16Господи, Те бараа во неволја; излеваа тивка молитва, кога ги стигна Твојата казна.

17Како што трудната жена пред породувањето се грчи и вика во болки, такви сме, Господи, пред Тебе.

18Забременивме, во маки сме како да раѓаме ветер, не и донесовме дух на спасение на земјата, ниту паднаа жителите на светот.

19Твоите мртви ќе оживеат, телата ќе воскреснат. Разбудете се и воскликнувајте, жители на правот! Зашто Твојата роса е - роса на светлината, и земјата ќе ги исфрли мртвите.

20Ајде, народе Мој, влези во собите и затвори ги вратите зад себе. Скриј се за миг додека не помине гневот.

21Зашто, ете, Господ ќе излезе, од Своето Живеалиште, за да ги казни земните жители дека згрешија кон Него. Земјата ќе ја исфрли сета крв што е пролеана на неа и не ќе ги крие веќе оние кои беа убиени на неа.

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for Isaiah 26.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.