Zechariah 82006

1И пак дојде слово од Господ Саваот:

2вака вели Господ Саваот: „Љубомо­рен сум за Ерусалим и за Сион со голема ревност и со голем гнев горам за него.“

3Така вели Господ: „Ќе се вратам во Сион и ќе живеам во Ерусалим, и Ерусалим ќе се вика град на верноста, и гората на Господ Саваот ќе се вика — Света Гора.“

4Така вели Господ Саваот — „И пак старци и старици ќе седат по улиците на Ерусалим, секој со стапчето свое поради големата старост своја.

5А и улиците на тој град ќе се исполнат со момчиња и девојки, кои ќе си играат по улиците негови.“

6Вака вели Господ Саваот: „Ако во очите на другите им биде чудно во тие дни, зар ќе биде тоа чудно и во очите Мои?“ — вели Господ Саваот.

7Вака вели Господ Саваот: „Ете, Јас ќе го спасам Својот народ од источната земја и од западната;

8ќе ги доведам, и тие ќе живеат во Ерусалим и ќе бидат Мој народ, и Јас ќе им бидам нивни Бог, во верност и во правда.“

9Така вели Господ Саваот: „Поткре­пете ги сега рацете свои вие, што ги слушавте овие зборови од устата на пророците, кои беа при основањето на домот за Господ Саваот, за да се изгради храмот.

10Зашто пред оние дни немаше ни плата за човек ниту награда за трудот на животното; немаше спокојство од непријателите ни за оној што доаѓаше, ниту за оној што си одеше; и дозволував Јас секој човек да му е непријател на друг човек.

11А сега за остатокот од овој народ Јас нема да сум таков како во поранеш­ните денови“ — вели Господ Саваот.

12Зашто сеидбата ќе се врши во мир, лозата ќе го даде својот плод, земјата ќе го даде својот род, а и небесата ќе ја даваат својата роса; и сето тоа ќе го предадам на остатокот од овој народ.

13И како што вие, доме Јудин и доме Израелов, бевте проколнати меѓу народите, така ќе ве избавам, и вие ќе бидете благословени; не плашете се, рацете ваши нека се поткрепат!

14Зашто така вели Господ Саваот: „Како што бев определил да ве казнам, кога татковците ваши Ме разгневија — вели Господ Саваот — и не зажалив,

15така пак определив во овие дни на Ерусалим да му направам добро и на домот Јудин; не плашете се!

16Еве ги наредбите што треба вие да ги извршувате: зборувајте вистина еден на друг; праведно и мирољубово судете пред градските порти.

17Никој од вас да не му мисли зло на ближниот свој, и не посакувајте лажна клетва, зашто сето тоа Јас го мразам“ — говори Господ.

18И дојде слово до мене од Господ Са­ваот:

19Вака вели Господ Саваот: „Постот во четвртиот месец, постот во петтиот, постот во седмиот и постот во десеттиот месец за домот Јудин ќе бидат радост и голема веселба, само сакајте ги вистината и мирот.“

20Така вели Господ Саваот: „Уште ќе доаѓаат народи и жители од многу градови,

21и ќе дојдат жителите од еден град кај жителите во друг град, — па ќе ре­чат: да дојдеме да се помолиме пред ли­цето на Господ и да Го побараме Господ Саваот; тогаш секој ќе рече — ќе појдам и јас.

22И ќе доаѓаат многу племиња и на­роди силни, за да Го бараат Господ Са­ваот во Ерусалим и да се помолат пред лицето на Господ.“

23Така вели Господ Саваот: „Во тие дни ќе се фаќаат по десет души од разни народи за полата од Јудеец и ќе речат — ќе појдеме со тебе, зашто чувме дека Бог е со вас.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Zechariah 8.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.