Zechariah 72006

1Во четвртата година на царот Дариј дојде слово Господово до Захарија, на четвртиот ден од деветтиот месец — кислев,

2кога жителите на Ветил ги испратија Шарецер и Регем-Мелех и придруж­ниците нивни за да се помолат пред лицето на Господ

3и да ги прашаат свештениците, што се наоѓаа во домот на Господ Саваот, и пророците, па да прашаат: „Да плачеме ли во петтиот месец и да постиме ли, како што го правевме тоа, еве, веќе многу години?“

4И дојде слово на Господ Саваот до мене:

5„Кажи му на сиот народ од оваа земја и на свештениците вака: ‚Кога постевте и плачевте во петтиот и седмиот месец, и тоа цели седумдесет години, за Мене ли постевте?

6И кога јадевте и пиевте, зар не јадев­те за себе и зар не пиевте за себе?‘

7Зар истите прописи не ги кажуваше Господ преку поранешните пророци, кога Ерусалим беше населен и спокоен, а и градовите околу него; кога и Негев и Шефела беа населени?“

8И дојде слово Господово до Заха­рија:

9„Вака зборуваше тогаш Господ Саваот: извршувајте суд праведен и имајте милост и сочувство еден кон друг;

10вдовици и сираци, придојден и сиромав не притеснувајте и не мислете зло во срцата ваши еден против друг.

11Но тие не сакаа да слушаат, и тврдоглаво Ми свртеа грб; и ушите ги затнаа за да не слушаат.

12И срцата си ги стврднаа како кремен, за да не го слушаат законот и збо­ровите што ги испраќаше Господ Са­ваот преку Својот Дух до поранешните пророци; па затоа и ги постигна големиот гнев на Господ Саваот.

13И како што викав Јас, а тие не слу­шаа, викаа и тие, но Јас не ги слушав, вели Господ Саваот.

14Па ги распрснав по сите народи, кои тие не ги познаваа, и оваа земја за­пусте по нив, така што никој не помину­ваше ниту се враќаше во неа. Така, избраната земја тие ја претворија во пустина.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Zechariah 7.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.