Zechariah 62006

1Пак ги подигнав очите свои и гледам: а таму, ете, четири коли со ко­њи излегуваат од еден дол меѓу две планини, а тие планини беа од бакар.

2Кај првата кола коњите беа црве­никави, кај втората — црни;

3кај третата кола коњите беа бели, а кај четвртата кола — шарени со сиви дамки.

4Проговорив и му реков на ангелот, што зборуваше со мене: „А што значи ова, господине мој?“

5Ангелот одговори и ми рече: „Тоа се четирите небесни духови, кои излегуваат откако се претставија пред Госпо­дарот над целата земја.

6Црните коњи излегуваа кон северната земја, а белите одеа кон западната земја, додека шарените коњи одеа кон јужната земја.“

7Кога излегоа, коњите се впуштија да ја обиколат земјата; и Тој им рече: „Обиколете ја земјата“, и тие ја оби­колија.

8Тогаш тој ме повика и ми рече: „Ете, оние што отидоа кон северната земја, го успокоија духот Мој против северната страна.“

9И пак дојде слово Господово до мене:

10„Собери приноси од прогонетите, од Хелдаја, од Товија и од Једаја, и тргни истиот ден, па дојди во домот на Јошија, синот Софониев, каде што тие пристигнаа од Вавилон.

11Земи од нив сребро и злато, па направи круни, и стави ги на главата на Исус, синот Јоседеков, великиот свеш­теник

12и речи им: вака вели Господ Саваот: ‚Ете, човек, чие име е Зачетник,‘ Тој ќе израсне од коренот свој и ќе создаде храм Господов.

13Тој ќе создаде храм Господов и ќе се прослави, ќе седне на престолот свој и ќе биде владетел. А од Него, на престолот ќе биде и свештеник и ќе има согласност за мир меѓу едниот и другиот.

14А круната нека остане кај Хелдаја и Товија, за Једаја и Јошија, синот Софониев, како спомен во храмот Господов.

15И оддалеку ќе дојдат луѓе, кои ќе учествуваат во градењето на храмот. Ќе разберете дека Господ Саваот ме испрати кај вас, и сето тоа ќе се изврши, ако искрено го послушате гласот на вашиот Господ Бог.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Zechariah 6.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.