Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Zechariah 4

:
Macedonian - 2006
1 И се врати оној ангел, кој зборуваше со мене, и ме разбуди, како што се разбудува човек од сон.
2 Па ми рече: „Што гледаш?“ Одгово­рив: „Еве, гледам свеќник цел од злато и чашка за масло врз него, а и седум кандилца на него и по седум цевчиња за кандилцата, при врвот.
3 И две маслинови дрвја на него едно десно од чашката, а друго лево од неа.“
4 Му се обратив и му реков на ангелот, кој говореше со мене: „Што претставува ова, господине?“
5 И ангелот, што зборуваше со мене, одговори и ми рече: „Зар не знаеш што е тоа?“ Му реков: „Не знам, господине мој.“
6 Тогаш одговори и ми рече: „Тоа е словото Господово кон Зоровавел, што кажува не со сила не со снага, а со Мојот Дух, вели Господ Саваот.
7 Која си ти, планино голема, пред Зоровавел: пред него си рамнина и тој ќе го изнесе каменот темелник со вос­клик: благодат, благодат врз него!“
8 И дојде слово Господово до мене:
9 „Рацете на Зоровавел ги поставија основите на овој дом: неговите раце и ќе го завршат, и ти тогаш ќе разбереш дека Господ Саваот ме прати кај вас.
10 Зашто, кој го презира денот на скромните почетоци? Ќе се израдуваат кога ќе ја видат ѕидарската висулка во рацете на Зоровавел. Оние седум се очите на Господ, што со поглед ја опфаќаат целата земја!“
11 Потоа одговорив и му реков: „Што значат оние две маслинови дрвја од десната и од левата страна на свеќни­кот?“
12 И пак почнав да му зборувам и му реков: „Што треба да означуваат оние две маслинови гранчиња, што се наоѓаат меѓу двете златни цевчиња, кои долеваат масло?“
13 А тој ми рече: „Зар не ти е познато што е тоа?“ Му одговорив: „Не знам, господине мој.“
14 Тогаш тој ми рече: „Па тоа се двајцата помазаници кои стојат пред Гос­подарот над целата земја.“