Zechariah 3
1 Потоа ми го покажа тој Исус, великиот свештеник, кој стоеше пред ангелот Господов, и сатаната, кој стоеше од Неговата десна страна, за да го обвинува.
2 И му рече Господ на сатаната: „Господ да те укори сатано, Господ да те укори, Оној Кој го избра Ерусалим. Зар не е Тој гламја истргната од оган?“
3 А Исус беше облечен во извалкана облека и стоеше пред ангелот,
4 кој им одговараше и на оние што стоеја пред него, и им рече: „Соблечете ја од него извалканата облека“; и нему лично: „Ете, ја отфрлив од тебе вината твоја и те облекувам во свечена облека.“
5 Потоа рече: „Ставете Му на главата чист повој“, и Му ставија на главата чист повој и го облекоа во свечена облека. А ангелот Господов стоеше.
6 И ангелот Господов, уверливо, му рече на Исус:
7 „Вака вели Господ Саваот: Ако одиш по патиштата Мои и се придржуваш кон Моите уредби, ќе владееш со Мојот дом и ќе ги вардиш дворовите Мои. И Јас ќе ти дозволам да одиш меѓу тие луѓе што стојат овде.“
8 „Но, послушај, Исусе, велик свештениче, ти и браќата твои, што се пред твоето лице, зашто тие луѓе се познати. Еве, Јас ќе го доведам Својот слуга — Зачетникот.
9 Зашто, ете, тој е каменот што го поставувам пред Исус; на тој единствен камен има седум очи; ете, Јас ќе врежам натпис, вели Господ Саваот, и ќе го простам гревот на оваа земја во еден ден.“
10 „Во тој ден, вели Господ Саваот, ќе се поканувате еден со друг под лозата и под смоквата.“