Zechariah 12006

1На осмиот ден, во втората година на Дариј, дојде слово Господово до пророкот Захарија, синот Берехиев, син на Идо, велејќи:

2„Се разгневи Господ на татковците ваши со голем гнев;

3затоа кажи им — вака вели Господ Саваот — Вратете се кон Мене, — вели Господ Саваот — И Јас ќе се вратам кон вас.

4Не бидете како што беа предците ваши, кон кои викаа поранешните пророци, велејќи им — ‚Вака вели Господ Саваот: одвратете се од лошите работи свои!‘ Но тие не послушаа, ниту внимаваа на Мене, вели Господ.

5Каде се сега предците ваши? А и пророците, зар тие вечно ќе живеат?

6Но зборовите Мои и наредбите Мои, што им ги заповедав на слугите Мои, пророците, зар не ги постигнаа предците ваши? И тие се обраќаа и велеа: ‚како што беше определил Господ Саваот да постапи со нас според пати­ш­тата наши, и според делата наши, та­ка и постапи.‘“

7На дваесет и четвртиот ден од единаесеттиот месец — а тоа е месецот шеват — во втората година на Дариј, дој­де слово Господово до пророкот Заха­рија, синот Берехиев, син на Идо.

8Во текот на ноќта видов — ете, еден маж на црвен коњ стои меѓу мирти, што беа во долот, а зад него црвени, сиви и бели коњи,

9па му реков — „Кои се овие, господине мој?“ А ангелот, кој зборуваше со мене, ми рече: „Јас ќе ти покажам кои се тие.“

10И одговори мажот што стоеше меѓу миртите, и рече — „Тоа се оние кои Господ ги испратил да ја обиколуваат земјата.“

11Тогаш тие му одговорија на ангелот Господов, кој стоеше меѓу миртите, па му рекоа — „Ете, ја обиколивме целата населена земја и таа е спокојна.“

12Им одговори ангелот Господов и им рече: „Господи Седржителе, до кога не­ма да се смилуваш над Ерусалим и над градовите Јудини, на кои се гневиш, еве, веќе седумдесет години?“

13Тогаш во одговор на ангелот Госпо­дов, изрече Господ слова добри, слова утешни.

14И ми рече ангелот, кој зборуваше со мене: „Извести и кажи — вака вели Господ Саваот — ‚Ревнувам за Ерусалим и за Сион многу;

15и горам со голем гнев против народите што живеат во спокој, зашто кога Јас малку се разгневив, тие станаа уште полоши!‘

16Затоа вака вели Господ: ‚Јас се враќам кон Ерусалим со милосрдност; во него ќе се изгради Мојот дом, вели Господ Саваот, и мерно јаже ќе се протегне низ Ерусалим.‘

17Порачај уште и ова, и кажи им — вака вели Господ Саваот: ‚Моите гра­дови одново ќе се исполнат со богат­ства, и Господ ќе го утеши Сион и пак ќе го избере Ерусалим.‘“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Zechariah 1.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.