Haggai 22006

1Во седмиот месец, на дваесет и првиот ден од месецот, дојде слово Господово преку пророкот Агеј:

2„Кажи им сега на Зоровавел, синот на Салатиил, управителот на Јудеја, и на Исус, Јоседековиот син, првосвеште­никот, и на другиот народ:

3Кој од вас што останавте, го видел овој храм во неговата поранешна слава, а како вие сега го гледате овој? Не е ли овој како ништо во вашите очи?

4Но охрабри се сега, Зоровавеле, — вели Господ — ободри се, Исусе, сине Јоседеков, првосвештенику, охрабрете се сите народи овде — вели Господ — и ра­ботете, зашто Јас сум со вас“, вели Гос­под Саваот.

5„Како што ви ветив, кога излеговте од Египет, Мојот Дух ќе биде меѓу вас: не плашете се!“

6Зашто вака вели Господ Саваот — „Уште еднаш — и ете, скоро ќе се случи тоа — ќе ги затресам небото и земјата, морето и копното;

7ќе ги стресам сите народи — и ќе дојде богатството на сите народи и ќе се исполни овој дом со слава“, вели Господ Саваот.

8„Среброто е Мое и златото е Мое“ — вели Господ Саваот.

9„Славата на овој нов храм ќе биде поголема отколку на поранешниот — вели Господ Саваот; и на ова место ќе му дадам мир“, вели Господ Саваот.

10На дваесет и четвртиот ден од де­веттиот месец, во втората година на Дариј, дојде слово Господово преку пророкот Агеј:

11„Вака вели Господ Саваот — прашај ги свештениците за Законот и кажи —

12ако некој би носел осветено месо во полата од облеката своја, и со полата би се допрел до леб, или до нешто варено или до вино, или до масло, или до какво и да е друго јадење, дали би се осветило тоа?“ Одговорија свештениците и рекоа: „Не.“

13Потоа пак рече Агеј: „Ако некој се осквернил, допирајќи мртовец и потоа би се допрел до тоа, дали би станало тоа нечисто?“ Одговорија свештениците и рекоа — „Ќе стане нечисто.“

14Тогаш рече Агеј — таков е и овој народ, такво е и ова племе пред Мене, вели Господ, и такви се сите дела на рацете негови! Па што и да принесувате, сѐ ќе биде нечисто.

15А сега размислете за минатото и за иднината, кога уште не беше положен камен на камен во овој храм Господов,

16како изгледавте? Доаѓавте до купче од дваесет мери, а имаше само десет; доаѓавте да црпите од каца со зафатнина од педесет мери, а имаше само дваесет мери.

17Ве поразував со гламја и со млечка по житата и со град во секое дело на рацете ваши, но вие не се обративте кон Мене, вели Господ.

18Размислете од денес за натаму, од дваесет и четвртиот ден во овој деветти месец, од денот кога беше основан храмот Господов; обратете ги срцата ваши:

19Има ли уште во житниците семе? Досега ни лозата, ни смоквата, ни нарот, ни маслината не даваа плод; а од денес Јас ќе ве благословувам.

20И дојде слово Господово до проро­кот Агеј по вторпат на дваесет и четвртиот ден од месецот, и беше речено:

21„Кажи му на Зоровавел, управи­телот на Јудеја: ќе го затресам небото и земјата;

22ќе урнам престоли на царства не­знабожечки, ќе превртам бојни коли и оние што ќе седнат во нив, и кутнати ќе бидат и коњите и коњаниците нивни ќе паднат, секој од мечот на својот другар.

23Во тој ден, вели Господ Саваот, ќе те земам, Зоровавеле, сине Салатиилов, слуго Мој, вели Господ, и ќе те држам како печат, бидејќи те избрав.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Haggai 2.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.