Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Titus 2

:
Macedonian - 2006
1 А ти, пак, зборувај го она што се согла­сува со здравото учење.
2 Старците да бидат трезвени, цело­муд­рени, чисти, здрави во верата, во љубовта, во трпението;
3 старичките, исто така, да живеат како што им прилега на светии да не клеветат, да не се предаваат на многу вино, да учат за добро,
4 за да ги вразумуваат невестите да ги сакаат мажите свои и децата свои;
5 да бидат целомудрени, чисти, добри домаќинки, благи, покорни на своите мажи, та да не се хули словото Божјо.
6 Исто така, советувај ги младежите да бидат чесни,
7 а во сѐ претстави се сам како об­ра­зец за добри дела, покажувајќи чистота во учењето, нерасипаност, чесност:
8 слово здраво, без укор, та да се посрами противникот, бидејќи не ќе има да рече ништо лошо за нас.
9 Советувај ги слугите да ги слушаат своите господари, да им угодуваат во сѐ, не противречејќи им;
10 да не крадат, туку во сѐ да по­ка­жу­ваат добра вера, та науката на нашиот Спасител, Бог, да ја украсуваат во сѐ.
11 Бидејќи се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе.
12 Таа нѐ учи да ги отфрлиме не­чес­носта и похотите од овој свет, чесно, праведно и побожно да поживееме во овој век,
13 да чекаме да се исполни блажената надеж и да се јави славата на великиот Бог и Спасител, нашиот Исус Христос,
14 Кој се даде самиот Себе за нас, за да нѐ избави од секакво беззаконие и да нѐ очисти, та да Му бидеме народ избран, ревносен кон добри дела.
15 Ова зборувај го, советувај и изо­бли­чувај со полна власт; никој да не те пре­зира.