Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Titus 3

:
Macedonian - 2006
1 Напомнувај им да се покоруваат на началствата и властите, да бидат готови за секое добро дело,
2 никого да не хулат, да не се караат, туку да бидат мирни, и да покажуваат секаква кроткост кон сите луѓе.
3 Бидејќи и ние некогаш бевме нера­зумни, непокорни, заблудени, бевме ро­бови на желби и на разни сладострастија, живеевме во злоба и завист, бевме одвратни, се мразевме еден со друг.
4 А кога се јави добротата и човекољубието на нашиот Спасител, Бог,
5 Тој нѐ спаси, но не според из­вр­ше­ни­те од нас праведни дела, туку по Сво­јата милост, преку бањата на преродување и обновувањето од Светиот Дух,
6 Кого изобилно Го излеа на нас преку Исус Христос, нашиот Спасител,
7 та оправдани со Неговата благодат да станеме по надеж наследници на вечниот живот.
8 Верни се тие зборови; и јас сакам да го утврдуваш тоа, та оние што поверувале во Бога, да се трудат и да се гри­жат за добри дела: ова е полезно и доб­ро за луѓето.
9 А од глупави распрашувања и ро­дословија на племињата, од препирки и расправии, по однос на Законот, клони се, зашто се бесплодни и празни.
10 Бегај од човек раздорник, откако ќе го посоветуваш еднаш или двапати,
11 знаејќи дека таков човек се изо­па­чил, греши и дека се осудил сам себеси.
12 Кога ќе ги пратам кај тебе Артем и Тихик, побрзај да дојдеш кај мене во Никопол, зашто решив таму да прези­мувам.
13 Законикот Зина и Аполос погрижи се да ги приготвиш за пат, така, та да немаат потреба од ништо.
14 И нашите нека се учат да прават добри дела за неопходните потреби, за да не бидат бесплодни.
15 Те поздравуваат сите што се со ме­не. Поздрави ги оние кои нѐ милуваат по вера. Нека биде благодатта со сите вас. Амин!