Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Romans 7

:
Macedonian - 2006
1 Или, пак, не знаете, браќа, им зборувам на такви што го познаваат Законот дека Законот има власт над човекот додека е тој жив?
2 Омажената жена е поврзана преку законот со мажот, додека е тој жив; ако умре мажот, таа се ослободува од за­ко­нот, кој ја сврзал со мажот.
3 Затоа, ако се омажи за друг маж, до­дека ѝ е уште жив нејзиниот маж, таа ќе стане прељубница; ако, пак, умре ма­жот, таа е слободна од законот, и нема да биде прељубница, кога ќе се омажи за друг човек.
4 Па така и вие, браќа мои, за Законот преку телото на Исус Христос умревте, за да Му припаднете на Друг, на Оној Кој беше воскреснат од мртвите, та да Му принесеме плод на Бога.
5 Зашто, кога живеевме во телото, то­гаш страстите гревовни, преку Законот, дејствуваа во органите, за да ѝ прине­се­ме плод на смртта;
6 но сега, ние сме слободни од Зако­нот, откако умревме за она за што тој нѐ држеше врзани, за да Му служиме на Бога со обновен дух, а не според старата буква.
7 Што да речеме пак? Зар Законот е грев? Никако! Но јас го разбрав гревот преку Законот, зашто и похотата не би ја познал, ако Законот не велеше: „Не биди похотлив!“
8 Но гревот, поттикнат од заповедта, предизвика во мене секаква похота; бидејќи гревот без Законот е мртов.
9 Некогаш живеев без Законот; но ко­га дојде заповедта, гревот оживеа.
10 Јас, пак, умрев, и се покажа дека за­поведта, назначена за да даде живот, ис­тата води во смрт,
11 зашто гревот, поттикнат од за­по­ведта, ме измами и преку неа ме ум­р­т­ви.
12 Така, значи, Законот е свет, и за­по­ведта света, справедлива и добра.
13 Па така, доброто ли за мене стана смрт? Никако! Но гревот, за да се по­ка­же дека е грев, ми предизвикува преку доброто смрт, та преку заповедта гре­вот да стане премногу грешен.
14 Зашто знаеме дека Законот е ду­хо­вен, а јас, пак, сум телесен, продаден на гревот како роб.
15 Не го разбирам тоа што го правам; бидејќи не го правам она што сакам, ту­ку она што го мразам, тоа го правам.
16 Ако, пак, го правам она што не го сакам, тогаш се согласувам со Законот дека е добар.
17 Значи, тоа веќе не го правам јас, ту­ку гревот, што живее во мене.
18 Јас знам дека во мене, односно во моето тело, не живее доброто; навистина желба за добро во мене има, но не и сила да го правам тоа.
19 Зашто не го правам доброто, што сакам да го правам, туку злото, што не сакам да го правам.
20 А штом го вршам она што не го са­кам, не го вршам веќе јас, туку гревот, кој живее во мене.
21 И така, во себе наоѓам ваков закон: кога сакам да го правам доброто, злото ми е близу.
22 Бидејќи, според својот внатрешен човек наоѓам наслада во законот Божји,
23 но во своите телесни делови гледам друг закон, кој војува против законот на мојот ум и ме држи заробен во грево­в­ниот закон, кој е во моите органи.
24 Колку несреќен човек сум јас! Кој ќе ме избави од ова тело на смртта?
25 Му благодарам на својот Бог преку Исус Христос, нашиот Господ. И така, јас самиот со умот свој му служам на Божјиот закон, а со телото на гревов­ниот закон.