Romans 82006

1И сега нема никакво осудување за оние кои се во Исус Христос.

2Зашто законот на Духот, кој дава живот во Христос Исус, ме ослободи од законот на гревот и на смртта.

3Она, што законот не можеше да го направи, бидејќи беше ослабен поради телото, го изврши Бог, испраќајќи Го Синот Свој во тело, подобно на телото на гревот, и како жртва за гревот, Тој го осуди гревот во телото,

4за да се исполни заповедта на За­ко­нот во нас, кои живееме не по телото, туку по Духот.

5Зашто оние кои живеат по тело, копнеат за телесното, а кои живеат по Дух — за духовното.

6Копнежот на телото е смрт, а коп­не­жот на духот — живот и мир.

7Зашто копнежот на телото е не­при­ја­телство против Бога, тој не му се под­редува на законот Божји затоа што не може.

8А оние, кои живеат по телото, не можат да Му се допаднат на Бога.

9Вие живеете не по тело, туку по Дух, само тогаш ако Духот Божји жи­вее во вас. Ако, пак, некој нема Дух Христов, тој не е Негов.

10Ако, пак, Христос е во вас, телото е мртво за грев, а духот живее поради праведноста.

11Но ако Духот на Оној Кој Го вос­кресна Исус од мртвите живее во вас, то­гаш Оној Кој Го воскресна Христос од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој жи­вее во вас.

12И затоа, браќа, ние не сме му дол­жници на телото за да живееме по телото;

13бидејќи, ако живеете по телото, ќе умрете; но, ако преку Духот ги умртвувате делата на телото, ќе бидете живи.

14Сите оние што се управуваат по Ду­хот Божји, се синови Божји;

15зашто вие не примивте дух на ропство, за да бидете во страв, туку Го при­мивте Духот на посинувањето, преку Кого велиме: „Ава, Оче!“

16Самиот Дух му сведочи на нашиот дух дека ние сме чеда Божји.

17А ако сме, пак, чеда, ние сме и нас­ледници: наследници на Бога и со­на­следници Христови, но само ако со Не­го страдаме, та со Него и да се прославиме.

18Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата која треба да се открие кон нас.

19И секое создание со нетрпение го очекува откривањето на синовите Бож­ји,

20зашто и созданието не ѝ се покори на суетата доброволно, туку по волјата на Оној Кој го покори, а со надеж,

21дека и самото создание ќе се ослободи од ропството на распадливоста при славното ослободување на чедата Божји.

22Зашто знаеме дека целото создание заедно со нас стенка како во породилни болки.

23И не само тоа, туку и ние самите, кои ги имаме првините на Духот, воз­див­нуваме во себе, очекувајќи посинување и откупување на нашето тело.

24Зашто со таа надеж бевме спасени. А надежта што се гледа не е вистинска надеж. Зашто, кој би се надевал во тоа што го гледа?

25Кога се надеваме, пак, на она што не го гледаме, со трпение го очекуваме.

26Исто така и Духот нѐ поткрепува во нашата немоќ; бидејќи ние не знаеме како треба да се молиме. Па сепак, Ду­хот Сам посредува за нас со не­ис­ка­жливо воздивнување.

27А Оној Кој ги истражувал срцата, знае каква е мислата на Духот, бидејќи Тој по волјата на Бога посредува за све­тиите.

28А знаеме дека на оние што Го љу­бат Бога и се повикани по Негова волја, сѐ им содејствува за добро;

29зашто оние, кои однапред ги позна, нив и ги предопредели да бидат сооб­разни со ликот на Неговиот Син, та Тој да биде првороден меѓу многуте браќа.

30А оние што ги предопредели, тие и ги повика, и кои ги повика, тие и ги оп­равда; кои ги оправда, тие и ги прос­ла­ви.

31Што да речеме, пак, на ова? Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас?

32Оној, Кој не Го поштеди ни Својот сопствен Син, туку Го предаде за нас сите, зарем нема да ни подари со Него сѐ?

33Кој ќе ги обвини избраниците Божји? Бог е Тој Кој ги оправдува!

34Кој е тој што ќе суди? Христос Исус, Кој умре, но уште и воскресна, Кој е од десната страна на Бога и се зас­тапува за нас!

35Кој ќе нѐ одвои од љубовта кон Христос? Дали неволјата? Или маката? Или прогонот? Или гладот? Или голо­тијата? Или погибелта? Или мечот?

36Како што е напишано: „Заради Те­бе секогаш нѐ убиваат; нѐ сметаат како овци за клање.“

37Но во сето тоа стануваме повеќе од победници преку Оној Кој нѐ возљуби.

38Зашто сигурно знам дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни влас­ти­те, ни сегашноста, ни иднината,

39ни височината, ни длабочината, ни­ту, пак, кое било друго создание нема да може да нѐ оддели од љубовта Божја во Христос Исус, нашиот Господ.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Romans 8.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.