Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Romans 16

:
Macedonian - 2006
1 Ви ја препорачувам нашата се­стра Фива, која е служителка на црквата во Кенхреја:
2 примете ја во Господ, како што им прилега на светии, и помогнете ѝ во она во што ќе има потреба од вас, бидејќи и таа им беше помошничка на мнозина, а и мене.
3 Поздравете ги Прискила и Акила, моите соработници во Христос Исус,
4 кои за мојата душа ја положија својата глава; ним им благодарам не само јас, туку и сите цркви од скорообрате­ни­те незнабошци и нивната домашна црква.
5 Поздравете го мојот возљубен Епе­нет, кој е првиот плод во Христос за Азија.
6 Поздравете ја Маријам, која многу се грижеше за вас.
7 Поздравете ги Андроник и Јуниј, моите сонародници и созатвореници, кои се прочуени меѓу апостолите и кои уште пред мене станаа Христови.
8 Поздравете ми го возљубениот во Господ Амплијат!
9 Поздравете го нашиот соработник во Христос Урбан и мојот возљубен Стахиј!
10 Поздравете го докажаниот верник во Христос Апелија! Поздравете ги до­машните од Аристовуловото семејство!
11 Поздравете го мојот сонародник Иродион! Поздравете ги домашните на Наркис, тие, кои се во Господ.
12 Поздравете ги Трифен и Трифос, трудбеничките за Господ. Поздравете ја почитуваната Персида, која многу се трудеше за Господ.
13 Поздравете го избраниот во Господ Руф, како и неговата и моја мајка!
14 Поздравете ги Асинкрит, Флегонт, Ермин, Патрова, Ерма и браќата со нив!
15 Поздравете ги Филолог и Јулија, Ниреја и неговата сестра, и Олимпа и сите со нив светии!
16 Поздравете се еден со друг со свет целив! Ве поздравуваат сите цркви Христови!
17 Ве молам, браќа, пазете се од оние, кои предизвикуваат раскол и соблазни против учењето кое сте го научиле и бегајте од нив!
18 Зашто таквите не Му служат на нашиот Господ Исус Христос, туку на стомакот свој, и со слатки и ласкави зборови ги заведуваат срцата на простодушните.
19 Вашата послушност во верата на сите им е позната: затоа јас се радувам за вас, но сакам да бидете мудри во доброто и прости во злото.
20 А Бог на мирот наскоро ќе го сотре сатаната под нозете ваши. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вас. Амин!
21 Ве поздравуваат мојот соработник Тимотеј и моите сродници Луциј, Јасон и Сосипатар.
22 Ве поздравувам во Господ и јас Терциј, кој го напиша ова послание.
23 Ве поздравува Гај, домаќинот мој и на целата црква. Ве поздравува Ераст, градскиот благајник и братот Кварт.
24 (Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!).