Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Romans 11

:
Macedonian - 2006
1 И затоа, ви велам: Зар Бог го отфрли Својот народ? Никако! Зашто и јас сум Израелец, од семето Авраамово, од коленото Венијаминово.
2 Бог не го отфрли Својот народ, кој однапред го одбра. Или, пак, не знаете што кажува Писмото за Илија, како тој Му се пожали на Бог Израелов, велеј­ќи:
3 „Господи, ги убија пророците Твои и ги раскопаа жртвениците Твои; јас ос­танав сам, и сакаат да ми ја земат душа­та.“
4 А како му вели Божјиот одговор: „Си оставив седум илјади мажи, кои не ги свиткаа колената пред Ваал.“
5 Така и во сегашно време има еден остаток избран по благодат.
6 Но, ако е по благодат, не е веќе по дела, зашто тогаш благодатта не би би­ла благодат.
7 И што тогаш? Израел не го доби она што го бараше; избраните, пак, го добија, а другите се закоравија,
8 како што е напишано: „Бог им даде дух што не чувствува: очи да не гледаат и уши да не слушаат, сѐ до денешниов ден.“
9 И Давид вели: „Трпезата нивна да им биде стапица, клопка, соблазна и от­плата;
10 да им се замрачат очите нивни за да не гледаат, и грбот нивни да им се свитка засекогаш.“
11 Ви велам пак: зар се сопнаа за да паднат? Не! Но со нивниот престап дој­де спасението за незнабошците, за да се возбуди во нив ревност.
12 Ако, пак, нивниот престап значи богатство за светот, и нивниот намален број богатство за незнабошците, колку повеќе ќе значи нивната потполност.
13 Вам, незнабошци, ви велам; до кол­ку сум јас апостол на незнабошците, ја прославувам својата служба,
14 та некако да возбудам ревност во својот род по тело, и некого од нив да спасам.
15 Зашто, ако нивното отфрлање зна­чи измирување за светот, тогаш што ли друго ќе значи нивното примање, ако не оживување од мртвите?
16 Ако првиот дел од тестото е свет, тогаш свето е и целото тесто: и ако е коренот свет, свети се и гранките.
17 Ако, пак, некои од гранките се ск­р­шени, а ти, кој си дива маслинка, си бил прикалемен на нивното место и си ста­нал заедно со нив соучесник во сочниот корен на маслинката,
18 не биди горделив пред гранките! А ако сепак, се возгордееш, треба да зна­еш дека ти не го држиш коренот, туку коренот тебе!
19 Но ти тогаш ќе кажеш: гранките беа откршени за да бидам јас прикалемен.
20 Добро. Тие поради неверие беа от­кршени, а ти поради вера се држиш: не­мој да бидеш горделив, туку имај страв.
21 Зашто, ако Бог не ги поштедил при­родните гранки, нема ни тебе да те поштеди.
22 Гледај ја, пак, Божјата благост и строгост: строгост кон отпаднатите, а благост кон тебе, ако издржиш во бла­госта; во спротивно, и ти ќе бидеш от­сечен.
23 Но, тие, ако не останат во неверието, ќе бидат прикалемени, зашто Бог има моќ пак да ги прикалеми.
24 Зашто, ако си ти откинат од мас­линка која е по природа дива, и против природата си прикалемен на питома маслинка, тогаш колку полесно ќе би­дат прикалемени на својата маслинка оние кои по природа потекнуваат од неа.
25 Сакам, браќа, за да не си помислите во себе дека сте мудри, да ја знаете оваа тајна: дека закоравувањето само со еден дел падна врз Израел, додека да настапи потполноста на незнабошците.
26 И така целиот Израел ќе биде спа­сен, како што е напишано: „Ќе дојде од Сион Ослободителот и ќе ја одврати безбожноста од Јаков.
27 И тоа им е ним завет од Мене кога ќе ги одземам нивните гревови.“
28 Со оглед на Евангелието, тие се не­пријатели Божји поради вас; но со оглед на изборот, тие се возљубени од Бога за­ради татковците,
29 зашто даровите и повикот Божји се неотповикливи.
30 Како што и вие некогаш бевте не­послушни кон Бога, а сега се здобивте со милост, поради нивната непослуш­ност,
31 така и тие сега станаа непослушни, поради вашето помилување, та и самите да се здобијат со милост.
32 Зашто Бог ги затвори сите со не­послушност, па кон сите да покаже ми­лост.
33 О, длабочино на богатство, мудрост и знаење Божјо! Колку се несфатливи Неговите судови и неистражливи Него­ви­те патишта!
34 Зашто, кој ја познал мислата на Господ? Или, кој Му бил советник?
35 Или, кој однапред Му дал нешто за да му биде отплатено?
36 Зашто, сѐ е од Него, според Него и за Него. Нему слава во вечни векови. Амин!