Revelation 182006

1А по ова видов како слегува од небото друг ангел кој имаше го­лема власт: и земјата светна од не­го­виот болскот.

2И извика силно, зборувајќи со висок глас: „Падна, падна великиот Вавилон, и стана ѓаволско живеалиште и засолниште на секаков нечист дух, врта­лиш­те на сите нечисти и гадни птици;

3зашто со отровното вино на своето блудство ги напои сите народи. И царевите земни блудствуваа со неа, а тргов­ците земни се збогатија од нејзината го­лема раскош!“

4И чув друг глас од небото како вели: „Излезете од неа, луѓе Мои, за да не со­учествувате во гревовите нејзини, и да не добиете од казните нејзини;

5бидејќи гревовите нејзини стигнаа до небото, и Бог си спомна за неправдите нејзини.

6Платете ѝ како што и таа ви плати вам и дајте ѝ двојно онолку за делата нејзини; со чашата, со која ве служеше, послужете ја двојно.

7Колку што се прослави и живееше раскошно, толку мака и јад вратете ѝ. Зашто во срцето свое вели: ‚Седам како царица, вдовица не сум и мака нема да видам.‘

8Затоа во еден ден ќе ја сполетаат казните; смрт, жалост и глад, и ќе биде изгорена во оган, зашто силен е Господ Кој ја суди.

9И ќе заплачат и ќе заридаат по неа царевите земни, кои блудствуваа со неа и живееја раскошно, кога ќе го видат димот од горењето нејзино;

10и стоејќи оддалеку, од страв пред нејзините маки ќе велат: ‚Тешко, теш­ко, голем граде Вавилоне, граде силни, зашто во еден час дојде пресудата твоја!‘

11И трговците земни ќе плачат и ри­даат за неа, бидејќи стоките нивни нема веќе никој да ги купува;

12стоки од злато и сребро, од дра­го­цени камења и бисери, од висон и порфир, од свила и скерлет, секакво ми­риз­ли­во дрво и секакви работи од слонова коска: секакви изработки од скапоцено дрво, од бакар, железо и мермер;

13и цимет и темјан, миро и ливан, ви­но и масло, брашно и пченица, говеда и овци, коњи и коли, тела и души чо­веч­ки.

14И овошјата, за кои душата ти копнееше, повеќе ги немаш, и сето богатство и сјај исчезнаа за тебе, и нема веќе да ги најдеш.

15Трговците, кои со тие стоки се збогатија од неа, ќе стојат оддалеку од страв пред маките нејзини, и плачејќи, и ридајќи

16ќе зборуваат: ‚Тешко, тешко тебе, граде голем, облечен во свила, порфир и скерлет, украсен со злато, драгоцени камења и бисери,

17зашто во еден миг пропадна толку големо богатство!‘ И сите сопственици на кораби, и сите патници во корабите, и морнарите, и оние што тргуваат по море, застанаа оддалеку

18и викаа, па гледајќи го димот од го­рењето негово, велеа: ‚Кој беше како овој голем град?‘

19И ги посипаа главите свои со пепел и со плачење викаа и велеа: ‚Тешко, тешко тебе, граде голем со чии скапоцености се обогатија сите што имаа кораби по море; зашто за еден миг запусте!‘

20Весели се поради тоа, небо, и вие светии и апостоли и пророци, зашто Бог ги заштити вашите права!

21Тогаш еден силен ангел подигна еден камен, голем како воденички ка­мен, па го фрли во морето и рече: ‚Со такво бучење ќе биде сринат Вавилон, големиот град, и ќе го нема веќе!‘

22И глас на харфисти, пејачи, свирачи и трубачи во тебе нема веќе да се чуе; никаков уметник од која и да е уметност нема веќе да се најде во тебе, шум од воденичен камен нема веќе да се чуе во тебе.

23И светлина од светила нема веќе да осветлува во тебе, и глас на мла­до­же­нец и невеста нема веќе да се чуе во те­бе, бидејќи трговците твои беа големи луѓе на земјата, зашто преку твоите ма­гии се заблудија сите народи.

24И во него се најде крв на пророци и светии, а и на сите што беа погубени на земјата.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Revelation 18.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.