Revelation 172006

1Потоа дојде еден од седумте ангели, што ги имаа седумте ча­ши, и зборуваше со мене, велејќи ми: „Дојди да ти ја покажам пресудата на големата блудница која седи над многу води;

2со неа блудствуваа земните цареви, и со виното на нејзиното блудство се опи­ја жителите на земјата!“

3И ме одведе со духот во пустина: и видов жена како седи на црвен ѕвер, кој беше полн со богохулни имиња и има­ше седум глави и десет рогови.

4А жената беше облечена во пурпур и скерлет и накитена со злато, со дра­го­цени камења и бисери. Во раката своја држеше златна чаша, полна со гнасотија и нечистотија од блудството нејзино.

5А на челото ѝ беше напишано име­то: „Тајна, великиот Вавилон, мајка на блудниците и на земните гнасотии.“

6И ја видов жената како се опива со крвта на светиите и со крвта на сведо­ците Исусови; и се зачудив многу кога ја видов.

7И ми рече ангелот: „Што се чудиш? Јас ќе ти ја кажам тајната на оваа жена, и на ѕверот, што ја носи и има седум глави и десет рогови.

8Ѕверот, што го виде ти, беше и го не­ма; тој ќе излезе од бездната и ќе за­ги­не; и земните жители, чии имиња не се запишани во книгата на животот од созданието на светот, ќе се почудат, кога ќе видат дека ѕверот беше и го нема, иа­ко постои.

9Овде е потребен ум што има муд­рост. Седумте глави, тоа се седумте го­ри врз кои седи жената;

10а седумте цареви, од кои петмина паднаа, едниот постои, другиот уште не дошол; и кога ќе дојде, малку ќе остане.

11И ѕверот што беше и кого што го нема, е осми; тој е еден од седумте и ќе загине.

12А десетте рогови, што ги виде, се десет цареви, кои царства уште не при­мија, туку како цареви ќе добијат власт само за извесно време заедно со ѕверот.

13Тие имаат една мисла, и силата и власта своја ќе му ја предадат на ѕверот.

14Тие ќе војуваат против Јагнето, и Јагнето ќе ги победи, зашто Тој е Гос­подар над господарите и Цар над царевите, и оние, што ќе се со Него, се повикани и избрани и верни.“

15И ми рече: „Водите што ги виде ти, каде што седи блудницата, тоа се лу­ѓе­то и народите, племињата и јазиците.

16А десетте рогови, што ги виде на ѕверот, тие ќе ја замразат блудницата, ќе ја запустат и оголат, и телото нејзино ќе го изедат, а неа самата на оган ќе ја изгорат.

17Зашто Бог им даде во срцата нивни да ја исполнат волјата Негова, да се до­говорат и да го дадат царството свое на ѕверот, додека не се исполни словото Божјо.

18А жената, која ја виде ти, е го­ле­ми­от град кој царува над земните цареви.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Revelation 17.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.