1Господ се зацари: нека се радува Земјата; нека се веселат многубројните острови.
2Облак и мрак е околу Него; праведност и правда се основа на Неговиот престол.
3Пред Него оган врви и ги гори непријателите Негови наоколу.
4Неговите молњи ја осветлуваат вселената; Земјата гледа и трепери.
5Горите се топат како восок од лицето на Господ, од лицето на Господ, по целата Земја.
6Небесата ја разгласуваат Неговата праведност, и сите народи ја гледаат Неговата слава.
7Нека се засрамат сите, кои се поклонуваат на ликови, кои се фалат со своите идоли. Поклонете Му се сите „богови.“
8Чу Сион и се зарадува, се веселат ќерките Јудини заради Твоите пресуди, Господи,
9зашто Ти си, Господи, Севишен на целата Земја, повисок си од сите богови.
10Господ ги сака оние што го мразат злото. Ја чува Господ душата на Своите светии; од раката на нечестивите ќе ги избави.
11Светлина засветли над праведниот, а за правите по срце — радост.
12Радувајте се, праведни, во Господ и славете го Неговото свето име.