Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 96

:
Macedonian - 2006
1 Запејте Му на Господ песна нова, за­пеј Му на Господ, цела Земјо!
2 Пејте Му на Господ, благословувајте го името Негово, благовестете го од ден на ден спасението од Него;
3 разгласувајте ја меѓу народите сла­вата Негова, и на сите народи чудесата Негови;
4 зашто велик е Господ и достоен за пофалба, страшен е Тој над сите бо­гови.
5 Бидејќи сите богови на незна­бош­ците се идоли, а Господ ги создаде небесата.
6 Слава и величие се пред лицето Не­гово, сила и великолепие во светилиш­тето Негово.
7 Воздајте Му на Господ, племиња на­родни, воздајте Му на Господ слава и чест;
8 воздајте Му на Господ слава на име­то Негово, принесете жртви и влезете во Неговите дворови;
9 поклонете Му се на Господ во све­тите дворови Негови. Да затре­пери пред лицето Негово целата Земја!
10 Кажете им на народите: Господ се зацари! Затоа цврста е вселената, нема да се разниша. Тој управува пра­ведно со народите.
11 Нека се развесели небото и да се возрадува Земјата, нека се раздвижи морето и она што го исполнува;
12 нека се радуваат полињата и сѐ што е на нив, да ликуваат сите дрвја по дубравите,
13 пред лицето на Господ, зашто иде, зашто Тој иде да ѝ суди на Земјата. Тој ќе ѝ суди на вселената по правда, и на народите според Својата вистина.