1Запејте Му на Господ нова песна, зашто создаде чудесни работи; Неговата десница Му помогна и Неговата света мишка.
2Господ ја објави Својата победа, пред очите на народите ја откри Својата правда.
3Се присети Тој за Својата милост и на верноста Своја кон домот Израелов; сите краишта земни го видоа спасението од нашиот Бог.
4Воскликни Му на Господ, цела Земјо; запеј, радуј се и пеј;
5пејте Му на Господ со лири, со лири и со глас псаломски;
6во труби и во рог затрубете пред Царот — пред Господ.
7Нека шуми морето и сѐ она што го исполнува: вселената и сите што живеат во неа;
8да заплескаат со раце реките и заедно со горите да се зарадуваат пред лицето на Господ!
9Зашто Тој доаѓа да ѝ суди на Земјата. Тој ќе ѝ суди на вселената по правда и народите — правично.