1Основите Негови се горите свети.
2Господ ги сака портите Сионски повеќе од сите населби на Јаков.
3Граде Божји, преславно се зборува за тебе.
4„Ќе ги спомнам меѓу оние кои ме знаат, Рахав и Вавилон; и Филистејците, и Тир, и луѓето од Етиопија, и тие се родија таму.“
5А за Сион ќе речат: тој и тој човек се роди во него, и Самиот Севишен го зацврсти.
6Кога ќе се пребројуваат народите, Господ ќе напише: овие се родија овде.
7Оние што пеат се радуваат; пеат и велат — сите наши извори се во Тебе.