1Бог застана во собранието на „боговите“; меѓу „боговите“ изрече суд:
2До кога ќе судите неправедно и спрема нечестивите ќе покажувате пристрасност?
3Бидете праведни кон сирак и беден, праведен и сиромав;
4ослободувајте го сиромавиот и бедниот од рацете на нечестивите.
5Не знаат, не разбираат, во темнина одат; сите земни основи се разнишаа,
6Јас реков: „Вие сте богови, вие сте сите синови на Севишниот;
7но вие ќе умрете како и сите луѓе, и ќе паѓате како секој кнез.“
8Стани, Боже, суди ѝ на Земјата, зашто Твои се сите народи.