Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 81

:
Macedonian - 2006
1 Радувајте се во Бога, нашата Сила, воскликнете кон Бога Јаковов;
2 запејте песна, удрете во тимпан, на милозвучна лира со харфа;
3 затрубете со труба во новомесечје, во определено време, во денот на ваши­от празник,
4 зашто тоа е закон за Израел, на­редба од Бог Јаковов.
5 Тој го установи тоа како сведош­тво за Јосиф, кога тој излезе од египетската земја, каде што чу јазик што не го знаеше:
6 „Јас го симнав товарот од рамени­ците негови, и му ги ослободив рацете негови од кошницата.
7 Во маката своја ти Ме повика, и Јас те избавив; при гром те чув, кај водите на Мерива те испитав.
8 Чуј, народе Мој, и Јас ќе ти посведочам, ако Ме послушаш, Израеле!
9 Да немаш друг бог и да не му се поклонуваш на друг земен бог!
10 Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од египетската земја; отвори ја устата своја, и Јас ќе ја наполнам.
11 Но Мојот народ не го послуша гласот Мој, Израел не Ми се покори;
12 затоа Јас ги оставив на нивните закоравени срца; нека одат по мислите свои.
13 О, да беше Ме послушал Мојот народ и Израел да одеше по Моите патишта!
14 Веднаш ќе ги покорев нивните непријатели и ќе ја свртев раката Своја против оние што го оскрбуваа.
15 Оние, што Го мразат Господа, би ползеле до Него, и нивниот крај би бил запечатен засекогаш.
16 А Мојот народ ќе го хранев со најдобра пченица и ќе ги наситував со мед пештерски.“