1Пастиру Израелов, послушај! Ти, Кој го водиш Јосиф како стадо, Кој седиш на херувимите, заблескај!
2Пред Ефрем, Венијамин и Манасија издигни ја силата Своја и дојди да нѐ спасиш.
3Боже, поврати нѐ; нека светне лицето Твое, и ние ќе се спасиме!
4Господи, Боже на силите, до кога ќе бидеш гневен на молитвата од слугите Твои?
5Ќе ги храниш ли со леб од солзи, и напојуваш со солзи изобилно?
6Нѐ направи показ за кавги меѓу нашите соседи, и нашите непријатели ни се смеат.
7Господи, Боже на силите, поврати нѐ! Нека светне лицето Твое, и ние ќе се спасиме!
8Ти ја пренесе од Египет лозата, ги изгони народите и ја посади;
9исчисти за неа место, и ги зацврсти корењата нејзини, и таа ја исполни земјата.
10Горите се покрија од сенката нејзина, и гранките ѝ се како кедрови моќни;
11таа пушти гранки до морето и ластари до реката.
12Зошто ја сруши нејзината ограда, па да ја берат сите, што минуваат по патот?
13Горскиот вепар ја подгризува, и полската ѕверка ја јаде.
14Боже на силите! Сврти се, погледај од небесата и види го и посети го ова лозје;
15и утврди го она што го посади десницата Твоја; погледај и на синот, што си го одгледал за Себе.
16Тоа е со оган обгорено и раскопано; од страв пред Твоето лице нека пропаднат!
17Твојата десница нека биде над човекот на Твојата десница, синот, кого си го одгледал за Себе.
18А ние нема да отстапиме од Тебе; оживеј нѐ, и ние ќе го призиваме Твоето име.
19Господи, Боже на силите, поврати нѐ; нека свети лицето Твое, и ние ќе се спасиме!