1Познат е Бог во Јудеја; големо е Неговото име во Израел.
2Во Шалем е Неговото место, а Неговото живеалиште — на Сион.
3Таму Тој ја порази силата на стрелите, штитот и мечот и војната.
4Посветол си од светлината, повеличествен од древните гори!
5Се збркаа сите што беа со храбро срце; заспаа и им папсаа рацете.
6Од Твојата закана, Боже Јаковов, се скаменија и коњаниците и коњите.
7Ти си страшен, и кој ќе опстане пред Тебе, кога ќе се крене Твојот гнев!?
8Од небесата се чу глас дека ќе судиш; Земјата се уплаши и занеме,
9кога Бог стана да суди, за да ги спаси сите угнетени по Земјата,
10зашто и преку човековиот бес Ти ќе се прославиш, а и остатокот од нив ќе Те прославува.
11Заветувајте се на Господ, вашиот Бог, и исполнувајте ги заветите; сите, што сте околу Него, принесувајте дарови, на Страшниот,
12Кој ги скротува духовите на кнезовите, од Кој се плашат и земните цареви.