Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Psalms 77

:
Macedonian - 2006
1 Со гласот свој викам кон Бога, со гласот свој кон Бога, за да ме чуе.
2 Во денот на тагата моја Го барам Бога ноќе, со издигнати раце кон Него неуморно; но душата моја не може да се утеши.
3 Го спомнувам Бога и воздивнувам, размислувам и духот мој малаксува.
4 Будни се очите мои, се вознемирив и не можам да говорам.
5 Размислував за дамнешните дни, и се сетив за старите години.
6 Размислував ноќе со срцето свое, а духот мој ме испитуваше;
7 зар Господ засекогаш отфрла и не сака ли повеќе да биде благонакло­нет,
8 или засекогаш престанала Него­вата милост, и Неговите ветувања се пресекле за сите родови?
9 Зар Господ заборавил на штедроста Своја? Зар во гневот Свој ќе го затвори Своето милосрдие?
10 Па си реков: „Ова е мојата болка: десницата на Севишниот се изменила.“
11 Ќе си спомнам за делата на Господ; ќе се потсетам на дамнеш­ните чудесни дела;
12 ќе ги разгледувам сите Твои дела и ќе мислам на Твоите моќни дела.
13 Боже, Твојот пат е свет. Кој бог е толку голем, како нашиот Бог!?
14 Ти си Бог, Кој прави чудеса; Ти ја покажа силата Своја меѓу народите;
15 Ти со мишката Своја го избави Твојот народ, синовите на Јаков и на Јосиф.
16 Те видоа, Боже, водите, Те видоа водите и се разбрануваа, и бездните затрепереа.
17 Од облаците се излеа вода, загр­меа небесата зашто стрелите Твои пролетуваа.
18 Татнежот на Твојот гром се разнесуваше низ виорот; светкавици ја осветлуваа вселената; Земјата трепе­реше и се тресеше.
19 Твојот пат водеше низ морето, Твоите патеки преку моќните води, но Твоите траги не се познаваа.
20 Ти ги водеше како стадо луѓето Твои преку раката на Мојсеј и Арон.