1Боже, биди милостив кон нас и благослови нѐ; осветли нѐ со лицето Свое,
2за да се спознае на Земјата патот Твој, и меѓу сите народи спасението од Тебе.
3Да Те прославуваат народите, Боже, сите народи да Те прославуваат.
4Племињата нека се развеселат и нека се радуваат, зашто праведно им судиш на народите, и ги водиш народите на Земјата.
5Народите нека Те прославуваат, Боже, сите народи нека Те слават!
6Земјата го даде својот плод; Бог, нашиот Бог нѐ благослови.
7Да нѐ благослови Бог и сите земни краишта нека Го почитуваат.