Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 68

:
Macedonian - 2006
1 Нека се крене Бог, и да се распрс­нат непријателите Негови; нека се разбегаат пред лицето Негово оние што Го мразат.
2 Како што димот исчезнува, така да исчезнат; како што восокот се топи од оган, така да загинат грешниците од лицето Божјо!
3 А праведните да се развеселат, да се зарадуваат пред Бога и да Го просла­вуваат во радоста.
4 Пејте Му на Бога, пејте Му на Него­вото име; направете Му пат на Оној, Кој се движи по небото; името Му е Господ, и радувајте се пред Него.
5 Татко на сираците и Заштитник на вдовиците; Тој е Бог во Своето свето место.
6 Бог им дава домови на напуштени­те, ги ослободува од окови затворени­ците, а непокорните остануваат да живеат во пеколна пустина.
7 Боже, кога Ти излегуваше пред Тво­јот народ, кога чекореше по пустината,
8 земјата се тресеше и небесата истураа дожд пред Бога, Бог на Синај пред Бога, Бог Израелов.
9 Изобилен дожд изли Ти, Боже, врз Твоето наследство, и кога тоа изнемош­туваше, Ти го поткрепуваше.
10 Стадата Твои живеат на неа; во Својата добрина, Боже, Ти се погрижи и за сиромасите.
11 Господ дава наредба; голема е при­дружбата на известителите:
12 цареви на армии бегаат ли бегаат, а жените по домовите пленот го делат.
13 Додека вие почивавте меѓу стадата, крилјата на гулабицата заблескаа во сребро, а нејзините пердуви со злато.
14 Кога Семоќниот ги разбиваше ца­ревите, снег паѓаше на Селмун.
15 Горо моќна, горо Башанска, горо со бројни врвови, горо Башанска!
16 Зошто гледаш завидливо, горо со бројни врвови, кон гората што Бог ја посака за Свое пребивалиште, каде што Господ ќе престојува довека?
17 Божјите коли се безброј на илјада илјади; Господ на Синај, доаѓа во све­тилиштето.
18 Ти се возвиси високо, плени плен, прими дарови од луѓето, дури и од противниците на Божјото пребивалиште таму.
19 Нека е благословен Бог, Кој нѐ носи од ден во ден, Бог, нашето спасение.
20 Нашиот Бог е Бог, Кој спасува; во власта на Господ е избавувањето од смртта.
21 Но Бог ќе им ги скрши главите на непријателите Свои и влакнестото теме на оние што остануваат во своите гревови.
22 Господ рече: од Башан ќе ги вра­там, ќе ги извлечам од морските дла­бочини,
23 за да ти се натопи ногата твоја и ја­зикот на твоите кучиња во крвта на непријателите.
24 Го видов Твоето величествено доа­ѓање, Боже, доаѓањето на мојот Бог и Цар во светилиштето:
25 напред одеа пејачите, а на крајот свирачите, а во средината девојки со тимпани:
26 „Во собранијата благословувајте Го Бога, Господа, вие, што сте од семето Израелово!“
27 Таму беше Венијамин, најмладиот; кнезовите Јудини со своите чети, кнезовите Завулонови, кнезовите Нефта­лимови.
28 Покажи ја Боже, силата Твоја, снагата Твоја, Боже, како што правеше со нас во минатото.
29 Поради Твојот храм во Ерусалим, царевите ќе Ти принесуваат дарови.
30 Скроти ги ѕверовите во мочуришта­та, воловите со телињата на народите, згази ги под нозете оние кои се лакомат по почести, растури ги народите кои уживаат во војна.
31 Нека се донесе бронза од Египет, Етиопија брзо нека подаде раце кон Бога.
32 Царства земни, пејте Му на Бога, славете Го Господа,
33 Кој се вози на небо, на небесата ис­конски. И, ете, Тој го испраќа Сво­јот глас, Својот силен глас.
34 Подајте Му слава на Бога! Над Из­раел е Неговото велелепие, а силата Негова на облаците.
35 Чудесен си Ти, Боже, во светоста Своја; Бог Израелов Тој ќе му даде си­ла и крепост на Својот народ. Нека е благословен Бог!