Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 63

:
Macedonian - 2006
1 Боже, Ти си мојот Бог, Тебе Те ба­рам; за Тебе зажедне душата моја. За Тебе копнее телото мое како земја пуста, неплодна и безводна!
2 И така со поглед Те барав во свети­лиштето Твое, за да ја видам Твојата сила и Твојата слава.
3 Зашто милоста Твоја е подобра од животот, устата моја ќе Те фали.
4 Така ќе Те благословувам во животот мој, и во Твое име ќе ги кревам рацете мои.
5 Како со маст и масло се наситува душата моја, и со радосен глас ќе те фали устата моја.
6 Кога ќе се сетам за Тебе во постелата моја, во ноќните часови за Тебе размислувам,
7 зашто Ти си ми помошник и под сенката на Твоите крилја Ти пеам.
8 Кон Тебе се прилепува душата моја, Твојата десница ме поддржува.
9 А оние кои сакаат да ме лишат од мојот живот, ќе слезат во длабочина­та на земјата.
10 Ќе бидат предадени на силата на мечот; ќе станат плен на чакалите.
11 А царот ќе се зарадува во Бога, и секој ќе се фали, кој во Него се колне, бидејќи ќе замолкне устата на лажлив­ците.