1Боже, Ти нѐ отфрли и нѐ растури, се разгневи, но сега обнови нѐ пак!
2Ја потресе земјата и ја расече; стегни ги пукнатините нејзини, зашто таа се ниша.
3Ти му покажа на Твојот народ жестокост и нѐ напои со заносно вино.
4На оние, што се бојат од Тебе, им даде знак за да се избават од убојниот лак.
5За да се избават Твоите возљубени, спаси нѐ со Твојата десница и услиши нѐ.
6Рече Бог во Своето светилиште: „Со веселба ќе го разделам Сихем и ќе ја премерам долината на Сукот заради поделба.
7Мој е Галаад, и Мој е Манасија, и Ефрем е шлем на главата Моја, и Јуда е жезол Мој.
8Моав Ми е леген за миење, врз Едом го фрлам чевелот Свој,
9Кој ќе ме воведе во укрепениот град? Кој ќе ме доведе до Едом?
10Зар не Ти, Боже, Кој нѐ отфрли? Ти веќе не излегуваш, Боже, со нашите војски.
11Помогни ни против непријателите, зашто од човекот нема спасение.“
12Со Бога храбро ќе се бориме, Тој ќе ги уништи нашите мачители.