1Дали навистина кажувате правда? Судите ли праведно, вие, човечки синови?
2Во срцето свое кроите беззаконие, вашите раце плетат насилство на Земјата.
3Се отуѓија грешниците од мајчиното крило, се заблудеа од утробата мајчина, говорејќи лага.
4Јароста им е како змиски отров, како отровот на глувата аспида, која ги затнува ушите свои,
5и не го слуша гласот на бајачот, вражачот вешт во вражањето.
6Бог нека им ги скрши нивните заби во устите нивни; разби ги, Господи, челустите лавовски!
7Нека се разлијат како вода што истекува; како изгазена трева нека се исушат!
8Како полжав што се топи да се растопат, како пометнат плод, сонце да не видат никогаш!
9Пред котлите ваши да осетат топлина од запаленото трње, сирово или суво, виор нека ги однесе!
10Ќе се зарадува праведниот, кога ќе ја види одмаздата над безбожниците; ќе ги мие нозете свои во крвта на грешникот.
11И ќе рече човекот: навистина има награда за праведниот! Навистина има Бог, Кој суди на Земјата!