1Смилувај се, Боже, на мене. Смилувај се, зашто во Тебе се надева душата моја, и во сенката на крилјата Твои ќе се засолнам додека не минат опасностите.
2Викам кон Бога Севишниот, кон Бога, Кој ми прави добро.
3Тој ќе прати од небото и ќе ме спаси; ќе ги посрами оние, кои ме газат. Ќе ја испрати Бог Својата милост и Својата верност.
4Лежам среде лавови кои растргаат синови човечки; та нивните заби се копја и стрели, а јазикот им е остар меч.
5Возвиши се на небесата, Боже, и по целата земја нека биде Твојата слава!
6Тие подготвија стапица за нозете мои; и ја приклештија душата моја: ископаа пред мене јама, но сами паднаа во неа.
7Подготвено е срцето мое, Боже, спремно е срцето мое, ќе пеам и ќе свирам.
8Разбуди се, душо моја, разбудете се харфо и лиро! Јас ќе ја разбудам и зората.
9Ќе Те славам, Господи, меѓу народите, ќе Те воспеам меѓу племињата,
10зашто Твојата милост се возвеличи до небесата, и Твојата верност се протега сѐ до облаците.
11Возвиши се, Боже, над небесата и по целата земја нека биде Твојата слава!