1Зошто, се фалиш, силнику, со пакост? Беззаконија вршиш по цел ден!
2Јазикот твој погубни работи измислува; како наострен брич ти е — сплеткару!
3Ти повеќе го засака злото отколку доброто, лагата, отколку вистината,
4ти, лукав јазику, засака секакви погубни зборови!
5Поради тоа Бог, до крај ќе те уништи, ќе те истргне и ќе те искорне од живеалиштето твое, и коренот твој — од земјата на живите.
6Ќе видат праведните, ќе се уплашат и ќе му се потсмеваат, па ќе речат:
7„Ете човек, кој немаше прибежиште во Бога, туку имаше верба во големото богатство свое, и побара прибежиште во благосостојбата!“
8А јас, пак, сум во Божјиот дом како плодна маслина и се надевам на милоста Божја во сите векови.
9Вечно ќе Те славам за она што го направи, и ќе Го величам името Твое, пред светиите Твои, зашто тоа е добро.