Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 53

:
Macedonian - 2006
1 Рече безумникот во срцето свое: „Нема Бог!“ Станаа развратни луѓето и гнасни во беззаконијата; нема кој да прави добро.
2 Бог погледна од небесата кон сино­вите човечки, за да види, има ли некој што е разумен, што Го бара Бога.
3 Сите тргнаа по лош пат, сите се ра­сипани; нема кој да прави добро, нема ниеден.
4 Зар нема да се вразумат оние што вршат беззаконие, оние што го јадат на­родот Мој, како што го јадат лебот, но Бога не Го повикуваат?
5 Ќе затреперат тие од страв, страв каков што досега немало, зашто Господ ќе им ги растури коските на оние што те опколуваат. И тие ќе се посрамат, зашто Бог ги отфрли.
6 Ех, кога би можело да дојде спасението за Израел од Сион?! Кога Бог ќе ги врати заробените од народот Свој, тогаш ќе се зарадува Јаков и ќе се развесели Израел.