1Заплескајте со рацете, сите народи воскликнете кон Бога со радосен глас;
2зашто Севишниот Господ е страшен, Голем Цар е над целата земја.
3Тој ни покори под нозе луѓе и народи;
4Тој ни одбра наследство за нас, достоинственоста на Јаков, кого го возљуби.
5Се искачи Бог при восклици, Господ со трубен звук.
6Пејте Му на нашиот Бог, пејте; пејте Му на нашиот Цар, пејте,
7зашто Бог е Цар над целата Земја; пејте Му псалм!
8Бог е Цар над народите, Бог седи на светиот Свој престол;
9незнабожечките кнезови се собираат како народ кон Авраамовиот Бог, зашто земните заштитници Му припаѓаат на Бога, Тој е возвишен над сите.