Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 35

:
Macedonian - 2006
1 Осуди ги, Господи, оние кои ме осу­дуваат, и собори ги оние што се борат против мене;
2 земи оружје и штит и дојди ми на помош;
3 извади го мечот и пресретни ги гонителите мои; кажи ѝ на душата моја: „Јас сум спасение Твое!“
4 Нека бидат посрамени и исмеани оние што ја бараат душата моја: нека се повлечат и нека се посрамат, оние што ми мислат зло;
5 нека бидат како прав пред ветрот, и ангел Господов да ги прогонува,
6 патот нивни нека биде темен и лизгав, и ангел Господов да ги прогонува,
7 бидејќи без причина поставија тајна мрежа за моја пропаст, без причина ѝ копаат гроб на душата моја.
8 Нека дојде врз нив ненадејна замка и мрежата нивна, што ја поставија за мене, да ги улови самите нив; нека се сплеткаат во неа и нека загинат.
9 А мојата душа ќе се радува во Господ, ќе се весели поради спасението од Него.
10 Сите коски мои ќе речат: „Гос­поди, кој е подобен на Тебе, Кој спасуваш слаб од силен, беден и сиромав од ограбувачите нивни?“
11 Се кренаа против мене злобни сведоци: и за она што не го знам ме сослушуваат;
12 ми враќаат зло за добро, и душата моја запаѓа во осаменост.
13 А кога тие боледуваа, јас се облекував во вреќиште, ја истоштував душата моја со пост, и молитвата ми се враќаше во градите мои.
14 Постапував така, како тој да беше ближен мој, мој брат; одев тажен со наведната глава како оној што тагува по сопствената мајка.
15 А сега, кога јас паднав, тие се зарадуваа и се собраа против мене, ми задаваа рани, а да не знам зошто, ме кинеа и не престануваа;
16 ме доведоа до искушение, ми се потсмеваа многу и со забите свои крц­каа против мене.
17 О, Господи, до кога ќе го гледаш тоа? Оттргни ја душата моја од нивните навалувања, мојата осамена душа од тие лавови.
18 Тогаш ќе Ти благодарам Господи, на големото собрание, меѓу многу­броен народ ќе Те восфалувам;
19 не допуштај да се зарадуваат над мене оние, кои ми се непријатели без причина, кои ме мразат без вина и намигнуваат со очите.
20 Зашто тие не мислат за мир, туку смислуваат измами против мирните во земјата.
21 Ги отворија устите свои против ме­не, велејќи: „Аха! Аха! Очите наши видоа!“
22 Ти виде Господи, немој да премолчиш; Господи, не отстапувај од мене!
23 Стани, разбуди се да ме одбраниш, о Боже мој и Господи мој, води ја мојата парница!
24 Пресуди ми според Твојата пра­ведност, Господи, Боже мој, та да не ликуваат оние над мене;
25 за да не речат во срцата свои: „Ни се исполни желбата!“ и да не кажат: „Го проголтавме.“
26 Нека бидат посрамени и исмејани сите, кои се радуваат на мојата не­среќа; да се облечат во срам и бесчес­тие, оние што се гордеат над мене.
27 Нека се зарадуваат и нека се развеселат, оние што го сакаат моето праведно дело, и непрестајно нека ве­лат: „Велик е Господ, Кој му се радува на доброто на Својот слуга!“
28 И јазикот мој ќе зборува за праведноста Твоја и за Твојата похвала секој ден.