Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 36

:
Macedonian - 2006
1 Гревот му зборува на грешникот; длабоко во неговото срце, нема страв Божји пред очите негови,
2 зашто тој самиот на себеси си ласка, место да го увиди своето беззаконие и да го намрази;
3 зборовите на устата негова се не­правда и измама; тој не сака да се вра­зуми, и да врши добро;
4 на леглото свое смислува беззаконие, останува на лош пат, од зло не се гнаси.
5 Господи, Твојата милост е до небесата, Твојата вистина до облаците!
6 Твојата праведност е како моќните гори, а судовите Твои како голема без­дна! И луѓе и добиток спасуваш Ти, Господи!
7 О колку е скапоцена Твојата милост, Боже! Синовите човечки се засолнуваат под Твојата закрила;
8 тие се ситат од изобилието на Твојот дом, и од потокот на Твојата красота ги напојуваш;
9 зашто во Тебе е изворот на животот: во Твојата светлина ние гледаме светлина.
10 Продолжи ја милоста Своја кон оние кои Те познаваат, и спасението Свое кон оние со чисто срце.
11 Нека не ме гази ногата горда, и раката на грешникот да не ме гони.
12 Таму паднаа оние што вршат беззаконие; соборени се и не можат веќе да станат.