1Господи, колку многу се намножија противниците мои! Мнозина се креваат против мене;
2мнозина велат за душата моја: нема помош за него во Бога!
3Но Ти, Господи, си штит мој, слава моја; Ти ја подигаш главата моја.
4Со гласот свој викам кон Господ, и Тој ме слуша од Својата света гора.
5Легнувам, спијам и станувам, зашто Господ ме чува.
6Не се плашам од многу илјади луѓе, што од сите страни навалиле на мене.
7Стани Господи! Спаси ме, Боже мој! Зашто Ти ги удираш по лице сите мои непријатели и им ги здробуваш забите на грешниците.
8Од Господ е спасението. Твојот благослов нека биде врз народот Твој.