1Зошто се бунат народите, и племињата смислуваат лоши работи?
2Се креваат царевите земски, и кнезовите се собираат заедно против Господ и Неговиот Помазаник.
3„Да ги раскинеме веригите нивни и да го отфрлиме од себе јаремот нивни.“
4Оној, Кој живее на небесата, им се смее, Господ им се подбива.
5Тогаш во гневот Свој ќе им говори и со јароста Своја ќе ги вџаши, велејќи:
6„Јас си поставив Свој Цар на Сион, на Мојата света гора!“
7Ќе ја објавам одлуката Господова, Тој Ми рече: „Ти си Син Мој, Јас денес Те родив.“
8И побарај од Мене, и ќе Ти ги дадам народите во Твое наследство, и краиштата на земјата — во Твое владеење.
9Ти ќе ги пасеш со железен жезол; ќе ги разбиваш како грнчарски сад.
10И сега цареви, вразумете се; поучете се, судии земни!
11Служете Му на Господ со страв и со трепет.
12Почитувајте Го Синот, та да не се разгневи, и на патот свој да не погинете; зашто Неговиот гнев брзо ќе се разгори. Блажени се сите, кои кај Него прибегнуваат.