1Кога викам, чуј ме, Боже, правдо моја! Кога бев притеснет, Ти ми даде простор. Смилувај ми се и слушни ја молитвата моја.
2Синови човечки, до кога ќе ја срамотите славата Моја? До кога ќе сакате суета и ќе барате лага?
3Знајте дека Господ го запазил Својот верен; Господ слуша кога викам кон Него.
4Не грешете, гневејќи се; размислете во срцата свои и на постелите свои, и замолкнете!
5Принесете жртва на правда и надевајте се на Господ.
6Мнозина велат: ќе видиме ли нешто добро? Осветли нѐ со светлината на лицето Свое, Господи!
7А мене Ти си ми го исполнил срцето со радост поголема отколку онаа кога ќе се роди во изобилие пченица и вино.
8Затоа мирно легнувам и спијам; зашто Ти, Господи, ми даваш спокојна починка.