1Господова е земјата и сѐ што ја исполнува, вселената и оние што живеат во неа,
2зашто Тој ја основа врз морињата, и на реки ја утврди.
3Кој може да излезе на гората Господова и кој ќе застане на Неговото свето место?
4Оној, чии раце се невини и чие срце е чисто, кој не си ја продава душата своја на лажни работи и не се заколнува лажно.
5Тој ќе добие благослов од Господ и награда од Бога, Својот Спасител.
6Таков е родот на оние што Го бараат Него, кои Го бараат Бог Јаковов!
7Подигнете ги, порти, главите свои, бидете подигнати вие, вечни врати, за да влезе Царот на славата!
8Кој е тој Цар на славата? — Крепкиот и силниот Господ, силниот во војна Господ.
9Подигнете ги, порти, главите свои, бидете подготвени вие, вечни врати, за да влезе Царот на славата!
10Кој е Царот на славата? — Господ над војските — Тој е Цар на славата!