1Господ е Пастир мој, ништо нема да ми недостасува,
2Тој ме одмара на зелени пасишта и ме води на тихи води,
3ја закрепнува душата моја, ме води по патот на правдата заради името Свое.
4Кога би тргнал и по долината на смртната сенка, нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене; Твојот жезол и Твојата палка ме успокојуваат.
5Си приготвил пред мене трпеза пред очите на непријателите мои, си ја помазал главата моја со миризливо масло; и чашата моја се прелева.
6Само добрина и милост ќе ме придружуваат преку сите денови на мојот живот, и јас ќе престојувам во домот Господов многу дни.