1Нека те слушне Господ во тежок ден, да те заштити името на Бог Јаковов.
2Да ти испрати помош од светилиштето и од Сион да те поткрепи.
3Нека си спомне за секоја твоја жртва; и сепалениците твои да бидат примени.
4Да ти го даде Господ и она што ти срце сака; и сите твои помисли да ги исполни.
5Ќе се зарадуваме на твоето спасение и во името на нашиот Бог ќе ги подигнеме нашите знамиња. Да ги исполни Господ сите твои молби.
6Сега знам дека Господ ќе му помогне на Својот помазаник, ќе го услиши од светите Свои небеса, со силата на Неговата победоносна десница.
7Едни — со коли, други — со коњи, а ние со името на Господ, нашиот Бог, се фалиме:
8тие ќе се препнат и ќе паднат, а ние ќе се кренеме и ќе стоиме прави.
9Господи, дај му победа на царот и слушни нѐ кога Ти се молиме!