Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 19

:
Macedonian - 2006
1 Небесата ја објавуваат Божјата сла­ва, а за делата на рацете Негови известува сводот небесен.
2 Ден на денот објавува, и ноќ на ноќта знаење открива.
3 Нема јазик, ниту, пак говор, во кој не се слуша нивниот глас.
4 Сепак, нивниот звук се разнесува по целата земја, а нивните зборови до краиштата на светот. На небото му постави шатор на сонцето, кое
5 излегува како младоженец од брач­ното легло, се радува како силен јунак што ја прелетува патеката.
6 Од крајот на небесата е излезот негов, и патувањето негово до другиот крај; ништо не е сокриено од топлината негова.
7 Непорочен е законот Божји души­те ги укрепува; верно е откровението на Господ ги учи неуките,
8 и Господовите повелби се праведни го веселат срцето; Господовата заповед зрачи светлина; ги просветлува очите.
9 Страхопочитта кон Господ е чиста пребива довека; судовите Господови се вистина сите се праведни;
10 поскапи се од злато и од скапоцени камења послатки се од восочен мед.
11 Слугата Твој ги пази; а кој ги пази, голема награда добива.
12 Кој може да ги согледа своите грешки? И од оние тајни гревови очис­ти ме,
13 и од горделивост запази го слугата Твој, за да не овладее со мене. Тогаш јас ќе бидам непорочен и ќе бидам очистен од големите престапи.
14 Зборовите на устата моја и помислите на срцето мое нека бидат благо­угодни пред Тебе, Господи, Карпо моја и избавителе мој!