Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Psalms 147

:
Macedonian - 2006
1 Фалете Го Господа, зашто е добро да Му се пее на нашиот Бог, зашто на Добриот Му прилега похвала.
2 Господ го гради Ерусалим и ќе ги собере расеаните синови на Израел.
3 Тој ги исцелува скршените по срце и ги преврзува раните нивни.
4 Го определува бројот на ѕвездите и на сите им дава име.
5 Велик е Господ наш и голема е силата Негова, а разумот Негов неизмерлив е.
6 Господ ги подига понижените, а грешниците ги понижува до земја.
7 Пејте Му секогаш славословија на Господ: на лира пејте Му на нашиот Бог,
8 Кој го покрива небото со облаци, подготвува дожд за земјата, прави да расте трева по горите и растенијата за полза на човекот,
9 на добитокот му ја дава храната негова и на малите врани кога гракаат.
10 На коњската сила не гледа Тој, ни­ту Му е мила брзината на човеч­ките нозе.
11 Господ ги почитува оние, кои се бојат од Него и кои се надеваат во Не­говата милост.
12 Слави Го, Ерусалиме, Господа; по­фали Го, Сионе, твојот Бог.
13 Тој ги зацврсти резињата на вра­тите твои, ги благословува твоите си­нови во Тебе;
14 го утврдува мирот во Твоите предели, со јадра пченица те заситува;
15 го испраќа на земјата Своето сло­во; Неговиот збор брзо оди;
16 дава снег како волна; сипува мраз како пепел;
17 фрла град Свој како залаци; пред Неговиот мраз кој може да устои?
18 Ќе го испрати Својот збор, и сѐ се растопува; ќе дувне со ветрот Свој, и води потекуваат.
19 Тој му го објави словото Свое на Јаков, Своите повелби и Своите уредби на Израел.
20 За никој друг народ Тој не го на­правил тоа, и Своите судови ним не им ги јавил.