1Фали Го, душо моја, Господа!
2Ќе Го фалам Господа додека сум жив; ќе Му пеам на мојот Бог додека постојам.
3Не надевајте се во кнезовите и во синовите човечки, во нив нема спасение.
4Излегува духот негов и тој се враќа во земјата: во тој ден исчезнуваат сите негови планови.
5Блажен е оној, кому му е помошник Јакововиот Бог и чија надеж е во Господ, неговиот Бог,
6Кој ги создаде небото и Земјата, морето и сѐ што е во нив, Кој вечно ја пази вистината,
7Кој извршува правда за угнетените, им дава леб на гладните; Господ крши окови на затворени.
8Господ им ги отвора очите на слепите, Господ ги исправа подгрбавените, Господ ги сака праведните.
9Господ ги пази придојдените, ги поддржува сираците и вдовиците, а патот на нечестивите го разурнува.
10Господ ќе царува вечно; твојот Бог, Сионе, е од род в род.