1Кои се надеваат во Господ, тие се како гората Сион: нема да се поколеба, ќе живее вечно.
2Околу Ерусалим има гори, а Господ е околу Својот народ отсега и засекогаш.
3Зашто Господ нема да го остави жезлото на грешниците врз земјата на праведните, за да не ги посегаат праведниците рацете свои кон беззаконие.
4Господи, направи им добро на добрите и на оние со чисто срце.
5А оние што свртуваат кон крив пат, нив Господ ќе ги одведе со оние што вршат беззаконие. Мир на Израел!