1Да не беше Господ со нас, — нека каже Израел, —
2да не беше Господ со нас, кога луѓето се кренаа против нас, —
3живи ќе нѐ проголтаа, кога пламна нивната јарост против нас;
4вода ќе нѐ потопеше, поток ќе го однесеше животот наш;
5бурна вода ќе ја однесеше нашата душа.
6Нека е благословен Господ, Кој не нѐ предаде во плен на нивните заби.
7Душата наша се избави како птица од примка на ловци: примката се скина, а ние се избавивме.
8Помошта наша е во името на Господ, Кој ги создаде небото и Земјата.