1Ги кревам очите мои кон Тебе, Кој царуваш на небесата.
2Ете, како што се очите на слугите свртени кон рацете на господарите нивни, како очите на слугинката — кон раката на господарката нејзина, така и нашите очи гледаат кон Господ, нашиот Бог, сѐ додека не се смилува.
3Смилувај се на нас, Господи, смилувај се, зашто многу сме понижени со презир;
4зашто се преполни душата наша од надменоста на дрските и од презирот на горделивите.